Македонија Најважни

Откриена уште една дива ординација во Струга, инспекторите два часа „преговарале“ за да  влезат

Уште една дива гинеколошка ординација открина во Струга. Сопственик повторно лекар во струшката болница, а во неа ординирал нејзиниот пензиониран татко. Лекарката тврди дека станува збор за магацин. Здравствениот инсопекторат го затвори објектот и побара одземање на дозволата за работа. Пред едем месец во домот на директорот на струшката болница беше откриена ординација за гинекологија а скандалот го оркти пациентка која остана без витални органи по хируршкиот зафат. Поднесена пријава и испиено кафе во Владата е епшилог во случајот на директорот на болницата.

Уште една дива гинеколошка ординација е откриена во Струга и повторно објектот е сопственост на гинеколог вработен во струшката болница. Два часа им биле потребни на службениците од Здравствениот инспекторат за да влезат во објектот кој не бил обележан а  во кој според официјалните информации  на Инспекторатот бил опремен за ординација за гинекологија и акушерство а затекнататата  фактичка состојба индиректно укажувала дека во него се ординирало.

Објектот е сопственост на гинекологот д-р Парталкоска која пак приложила договор дека го изнајмила на нејзиниот татко исто така гинеколог, но во пензија повеќе од десетина години.

ДЗСИ: „Наведената приватна здравствена установа ПЗУ Д-р Благоја Парталоски има решение издадено од Министерството за здравство од 1999 година, дека исполнува услови (за вршење на специјалистичко гинеколошко акушерска дејност на горе споменатата  адреса, а која во моментот нема носител на дејност бидејќи  д-р Парталоски е во пензија од 2009 година а има отстапувања и во однос на просторот“

Лекарката пак демантира дека нејзиниот татко работел во дивата ординација и тврди дека станува збор за магацин.

Д-р Парталкоска: „Во спорната ординација не се вршеа гинеколошки прегледи бидејќи во истата немаше услови за обавување на здравствена дејност. Истакнувам дека после пензионирање на д-р Парталоски од 2009 година,поголемиот дел од опремата е продаден,а отстапениот простор  служеше како магацин за останата опрема”

Од Здравствениот иснпекторат соопштија дека ординацијата е затворена и дека до миниетсртвото за здравсто е доставено барање за одземање на дозволата за работа на вработената во струшката болница.

Според протоколот Инспекторатот е должен да го извести директорот на струшката болница Мухамед Асани, во чиј дом беше откриена дива гинеколошка ординација, дека вработена во неговата болница тргнала по неговите чекори.

Еден месец по скандалот, Асани сеуште е директор на струшката болница, беше повикан на кафе во Владата, поднесена е и пријава до Обвинителството а епилог од истрагата нема. Ординацијата кај Асани беше откриена  откако пациентка јавно се пожали  за лекарска грешка, затоа што  по породување со царски рез во струшката болница останала  без бубрег, матка и јајник.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието го изгласа Азир Алиу за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Младите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за пиротехниката

Дејан Дејан

Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе