Во нелегална ординација на гинеколог, вработена во Општата болница во Струга, инспекторите од Државниот здравствен и санитарен иснпекторат денеска спроведуваа вонреден надзор, потврдуваат извори на Телма. И овој пат пацинтка пријавила дека во дива здравствена амбуланта се вршат гинеколошки прегледи, по што инспекторите излегле на терен. Од ДСЗИ потврдуваат дека во објект во Струга се спорведува вонреден надзор, но директорката Ирина Бухова за Телма рече дека за исходот повеќе инфромации ќе споделат со јавноста утре.
Инспекторите утрово влегле во дивата гинеколошка ординација со асистенција на полицијата. Од СВР Охрид исто така потврдија дека полицијата асистирала на барање иницирано од Државниот здравствен и санитрен инспекторат, со налог на Обвинителство.
Ова е втор инспекциски надзор на ДЗСИ во Струга во неполн месец. Инспекторите во домот на директорот на струшката болница, Мухамед Асани во јануари открија нелегална гинеколошка ординација, за што Државниот здравствен инспекторат поднесе пријава до Обвинителството со изјави на пациентки кои тврделе дека докторот ги прегледувал во домшната ординација.
Надзорот беше извршен откако пациентка јавно се пожали за лекарска грешка, затоа што по породување со царски рез во струшката болница останала без бубрег, матка и јајник. Асани, кој се уште е диркетор на оваа здравствена установа, тогаш за Телма потврди дека бил дел од тимот, но операцијата рече ја извршиле совесно и се задоволни што на пациентката и го спасиле животот.
Сега се очекуваат резултати од инсепкцискиот надзор во нелегална ординација на колешка на Асани од струшката болница.
Емилија Мисирлиевски