Вести Култура

Културни работници се противат на запирањето на исплата на проекти од Министерството за култура

Културни работници од независната сцена бараат од Министерството за култура да најде начин итно да ги исплати сретставата за реализираните проекти. Најавената ревизија на финансиското работење ја поздравуваат, но сметаат дека не требало да се прави во овој период од годината, кога се завршуваат проектите. Од независната сцена потенцираат дека најавите  од министерството дека нема да се исплаќаат пари додека трајат контролите, особено ги погодува слободните уметници, ангажирани на проекти, а организациите ги претставува како неодговорни пред странските партнери.

  • Знаете колку е тешка оваа ситуација , поготово за оние кои што се фриленсери, кои заработуваат преку проекти. Локомотива има неколку неисплатени проекти и сметам дека мора да се најде начин итно да бидеме исплатени. Ја поздравувам оваа ревизија и се надевам дека ќе се случува евалуација . Но, не во овој дел од годината, кога сите ние чекаме да ги затвориме проектите и да ги завршиме обврските кон нашите партнери, вели Билјана Тануровска- Ќулавковски-„ Локомотива“, Центар за нови иницијативи во умотноста и културата

Како што дознава Телма, Министерството за култура му должи за два проекти на  здружението „ Факултетот за работи што не се учат“, треба да доисплати 30% на проект, реализиран од Културно- социјалниот центар „ Јадро“, но и на Здружението на џез музичари, за одржаниот фестивал за Светскиот ден на џезот. И од таму се жалат за егзистенцијата на едуцираните музичари во Грац, сега фриленсери и за неподмирените обврски кон партнерите.

  • Останува уште за фестивалот за кој имаме 3 групи , имаме фактури од Филхармонија , имаме луѓе од странство на кои треба да им се плати хонорарот, вели  Гоце Стевковски- претседател на Здружение на џез музичари на Македонија

Со налог од Владата, неисплатените проекти од Министерството за култура , за 2020 година, треба да ги ревидира Секторот за финансиска инспекција при Министерството за финансии. За сега од таму нема потврда дека започнала контролата. А, проширена истрага за сите финансиски трансакции во Култура денеска започна Финансиската полиција.  Таа треба да утврди евентуални злоупотреби за кои има индиции во ревизорските извештаи од 2018 и 2019 година. Доколку тие бидат потврдени, предметот ќе го превземе Јавното обвинителство, рече директорот Арафат Муареми.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Стационарот Лана ќе се отвори за две седмици

Дејан Дејан

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе