Вести Македонија Топ вести

Средношколците успеаа да издејствуваат нов концепт за државната матура

Средношколците успеаа да се изборат за своите барања па 2+2 и проектна задача ќе биде коцептот по кој ќе се полага државата матура оваа година. Откако министерството за образование и наука даде согласност денеска и Матурскиот одбор експресно соопшти дека овој концепт е прифатлив и треба да се примени. Формирањето на работната група која треба да ги прецизира деталите околу полагањето на интерните предмети односно начинот на пресметка на бодови и пресметување на коефициети според кои се формира вкупната оценка е во тек.

Според новиот начин на бодување, екстерните испити ќе носат најмногу 20 поени наместо сегашните 30 а интерните најмногу 16 наместо сегашните 6 поени а проектната задача која ќе се спроведува он лајн останува иста – до 4 посени.

„Во однос на Работна група, Државниот испитен центар, МОН и Биро за развој на образование веќе искомуницираа со сите засегнати страни меѓу кои и Сојузот на средношколци за номинирање на членови во групата“

Од Матурскиот одбор кои утрово имаа он лајн состанок со министерката Мила Царовска  сметаат дека со новиот тип на полагање на матурскиот испит задржува неопходниот стандард.

„Со ваквата концепција на полагање не се нарушува квалитетот на матурата, се задржува стандардот, и е во интерес на сите матуранти. Напоменуваме дека овој модел на полагање на државна матура бил веќе применуван од учебната 2007/2008 до учебната 2012/2013 година“

Останува доплонително да се договори решение за преостанатите два услова – наставниците да ги споделат материјалите за интерните испити најмалку три недели пред денот на испитот и е зголемување на коефициентот на поени доколку екстерниот испит е несоодветен за студиите на кои се запишува ученикот. Двата екстерни испити кои ќе ги полагаат матурантите се макеондски, албански или турски јазил и литератира односно старнски јазик или математика. За интерните испити пак матурантите имаа можност за избор меѓу 10 предмети.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тензично во делови од Лос Анџелес – Трамп се закани дека ќе ги испрати маринците

Дејан Дејан

СДММ: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?

Дејан Дејан

Приведен универзитетскиот професор Александар Нацев во истрагата за пожарот во Кочани- како  реален сопственик на агенцијата Рубикон која го обезбедувала Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе