Ковид19 Македонија Најважни

Стигна првата пратка вакцини од Република Србија

На граничниот премин Табановце денеска стигна првата пратка од вакцини на „Фајзер“, донација од Република Србијја. Првите 4.800 од предвидените 8.000 вакцини против Ковид-19 на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ.

Пратката вакцини од Србија требаше да пристигне пред неколку дена, но беше одложено поради усогласување на техничка документација. Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот.

Интерес за вакцинирање преку онлај апликацијата до вчера имаа иразено над 40.000 граѓани.

Од Министерството за здравство информирааt дека преку матичните лекари за вакцинирање се пријавени 12.652 лица.

Веб-страницата на која може да се пријават граѓаните за вакцинирање беше пуштена во функција пред четири дена. Освен на овој начин, пријавувањето за вакцинирање ќе може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.

Според предвиденото од надлежните институции, во првата група за вакцинација се здравствените работници и лицата над 70 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе