Вести Магазин Топ вести

Софтверски дефект или „стрес“ на работа – робот во Јужна Кореја изврши самоубиство

Шокантна вест за несекојдневен инцидент објави Собранието на јужнокорејскиот град Гуми. Нивниот „робот супервизор“, кој беше претставен во јавноста во август во 2023 година, е пронајден без функции, откако паднал по скали на височина од два метра.

Роботот бил воведен како иновативно решение за оптимизација на градската администрација. Неговата примарна улога опфаќала испорака на документи во рамки на градската управа, промоција на градските иницијативи и давање на информации на граѓаните.

Како поширок дел на дигиталната трансформација, роботот требал да ја унапреди ефикасноста на работата и да ги покаже предностите од употребата на технологија во секојдневниот живот.

Необично однесување пред инцидентот

Според очевидци, непосредно пред инцидентот, било забележано необично однесување на роботот кој се вртел во место, што предизвикало загриженост меѓу присутните. Неговото чудно однесување укажувало на можни технички проблеми или софтверска грешка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shubhashis Nandy (@nandysubhashis)

Технички дефект или „стрес“ на работа?

Иако техничките експерти веднаш почнале истрага, инцидентот предизвикал различни реакции. Додека едни се сомневаат во технички дефект, други во шега се осврнаа на можноста дека „стрес“ на работното место довело до самоубиство. Иако оваа теорија звучи фантастично, сепак, и укажува колку далеку е отидено со персонификација на технологијата и улогите што се доделуваат на вештачката интелигенција.

Истрагата е во тек, а производителот на роботот Bear robotics темелно ги анализира сите податоци од системот за да се утврди што точно довело до несреќата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ примен во болница oткако му се слошило за време на посетата на САД

Дејан Дејан

Светки ден на медиумите – Новинарите се чувари на демократијата

Дејан Дејан

Почеток на работата на автопатската делница долга 17 и пол километри која чини около 90 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе