Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маџовски успешно опериран на терените се враќа во март

/

Ракомет

Сподели преку :

Еурофарм Пелистер објави дека македонскиот репрезентативец Бојан Маџовски имаш успешна операција на прстот на раката, кој го повреди за време контролниот натпревар со Чиле одигран пред заминувањето на Светското првенство во ракомет.

Според лекарите периодот на рехабилитација ќе трае неколку недели и се очекува Маџовски на терените да се врати во текот на следниот месец.

Во следниве четири недели Еурофарм Пелистер го очекува згуснат календар на играње натпревари. Од настапите во Лига Европа против ГОГ Гудме, Рајн Некар Левен и Шафхаузен преку обврски во СЕХА лигата и дуелите со Татран Прешов и Металопластика како настапите во домашната Супер лига и соочувањата со Струга, Бутел Скопје и Вардар.