Поради позитивен тест на инфекција со коронавирусот, фудбалерот на Баерн, Томас Милер го пропушти финалето на Светскиот клупски шампионат.
Според пишувањето на весникот Билд на Милер му било препорачано да остане во Доха и да не се враќа во Германија заедно со своите колеги.
Неофицијално Милер во татковината треба да се врати со специјален медицински авион, а заедно со капитенот во катарската престолнина остана и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ кој треба да го организира летот за Минхен.
“Томас се чувствува добро, малку е изморен, но тоа е очекувано и тоа е еден од симптомите на инфекцијата”, изјави тренерот на Баварците, Ханси Флик.