Вести Македонија

Кондарко повторно е претседател на ДИК

Членот на ДИК Борис Кондарко ќе биде претседател на Државната изборна комисија. Досегашниот претседател Александар Даштевски останува член. Кондарко е во Комисијата од јули 2018-та, а претседателската функција ја извршуваше и во периодот 2011 – 2013-та.  По занимање е правник со искуство како адвокат и како пратеник од СДСМ.

Оваа ротација во ДИК претставува усогласување со постизборната промена на партиите од власт во опозиција и обратно. Според Изборниот законик, опозициските партии предлагаат претседател и два члена, а владеачките имаат мнозинство со четворица членови. Во овој состав остануваат: Абдуш Демири предложен од БЕСА, Оливер Ристовски предложен од СДСМ и Дитмире Шеху, предложена од ДУИ. Собранието распиша оглас за избор на уште два члена кои треба да ги предложи ВМРО-ДПМНЕ. Местата се испразнија откако Бојан Стојаноски даде оставка и стана заменик-генерален секретар во Собранието, а Радица Ристеска замина во пензија. Овие одлуки во Собранието беа донесени едногласно со повеќе од 70 гласови.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонски државјанин со возило излета кај Хоргош во Србија, има загинати

Дејан Дејан

Американскиот претседател Трамп најави нови тарифи

Дејан Дејан

Студентите најавија блокади во Белград, Нови Сад и Ниш, Вучиќ со молба да не го прават тоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе