Ковид19 Македонија

Две жени од Штип заразени со британскиот сој на коронавирусот

Штипјанка на возраст од над 70 години е првиот пациент со британскиот сој на коронавирусот на Инфективното одделение во Штип. Началникот на Ковид центарот, Дијана Шишкова за МИА вели дека пациентката е со средна тешка клиничка слика и веднаш откако пред неколку денови биле информирани од страна на Центарот за јавно здравје по анализите на МАНУ е изолирана во друга соба.

Инаку пациентката на ова одделение се лекува веќе пет дена и е на кислородна поддршка. Од штипскиот Центар за јавно здравје потврдуваат дека вчера биле информирани и за втор случај во Штип, кој е заразен со британскиот сој на коронавирусот. Се прават анкетите, со цел да се утврди од каде пристигнал мутираниот вирус, дали од странство или при конктакт со некој близок во земјава.

На штипското Инфективно одделение од почетокот на годината бележат пад на бројот на хоспитализирани пациенти, во текот на денешниот ден имаат 29. Според инфектолозите забележително е дека деновиве повеќе од пациентите на кои им е потребно болничко лекување доаѓаат од Делчево и Пробиштип.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

СДСМ обвинува за партиски вработувања во РЕК Осломеј

Дејан Дејан

Пониква за престој на пациентите кои го преживеаја пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе