СДСМ бара оставка од пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
„Пратеник кој ги лажел граѓаните со години, кој се уште не ја зборува вистината пред нив, не е достоен да биде народен претставник. Пред народот, Антонијо Милошоски мора да понесе морална одговорност за скандалот, потврден од јавно објавени документи, да им се извини на граѓаните и да поднесе оставка. Голем е срамот за него, за неговиот Христијан Мицкоски, за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Еве еден од јавно објавените документи. Листа од казнена евиденција за лицето Антонијо Милошоски. Јасно стои дека Милошоски бил осуден и казнет во Германија за сторени кривични дела „Кражба“ и „Фалсификување на исправи“. Замислете „кражба“, „фалсификување“. Па со кое лице Милошоски ќе зборува во Собранието, со кое лице ќе им излезе пред очи на граѓаните?“, рече на прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ.