Култура

Продолжува дијалогот меѓу незадоволните актери од струмичкиот ЦК со надлежните

Нема резултат од денешната средба на актерите од струмичкиот Центар за култура со министерката за култура, во врска со избраниот нов директор со кој актерите не се согласуваат. На средбата по одржаниот протестен перформанс е договорено да продолжи дијалогот меѓу двете страни. А од министерството за култура остануваат на ставот дека формално – правно нема можности за поништување на конкурсот, согласно актуелниот Закон за култура.

Ќе продолжи дијалогот меѓу актерите од Центарот за култура во Струмица со надлежните, во врска со  нивниот револт од избраниот нов директор. Ова е епилогот од денешната средба меѓу актерите и министерката за култура, Ирена Стефоска.

  • Решивме дека ќе останеме во дијалог со министерката. Ги разгледуваме можностите за да се донесе заедничко решение – Ванчо Василев –актер.

Средбата со министерката се одржа по изведениот протестен перформанс на актерите пред Министерството за култура. Незадоволни од резултатот на конкурсот за директор на ЦК „ Антон Панов“, на кој е избран Васил Бубев, по професија професор по физичка култура, актерите пред министерството извикуваа пароли против изборот на директорот , како што велат , по партиски клуч.

  • До кога некомпетентни кадри ќе се ставаат на раководни позиции во културните установи? До кога ќе се вадите на формално – правно издржаните конкурси, каде квази читања на критериумите ја регулираат културата – Стојан Велков, актер.

Денешната средба со министерката е втора, по првата одржана минатата седмица, на која беше најавено дека ќе се бара најдоброто решение за проблемот, согласно законот. Од Министерството за култура остануваат на ставот дека формално – правно нема услови за поништување на спроведениот конкурс. А актерите тоа го бараат, како и распишување нов конкурс и поставување в.д. директор на ЦК во меѓу време.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе