Ковид19 Македонија Најважни

Владата сега чека „Фајзер“ да издаде одобрение за вакцините

Северна Македонија е благодарна на Србија за поддршката што ја дава со пратката вакцини со што би почнал и процесот на имунизација во земјава.

„Примопредавањето на пратката беше одложено од техничка причина. Двете влади се во постојана комуникација и сме известени дека документацијата од страна на Република Србија е целосно комплетирана. Во моментов се очекува во најбрз можен рок компанијата „Фајзер“ да издаде документирано одобрување до Република Србија после што веднаш ќе се реализира примопредавање“, соопштува Владата на РСМ за Телма ТВ.

Од каде велат дека откако вакцините ќе влезат во Република Северна Македонија, ќе биде обезбедена домашната документација и за таа процедура не постои никаков проблем.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ обвинува за партиски вработувања во РЕК Осломеј

Дејан Дејан

Пониква за престој на пациентите кои го преживеаја пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Конфедерацијата на синдикални организации на чекор до Економско-социјалниот совет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе