Во кочанско почна жетвата на оризот, но земјоделците се разорачарани од откупувачите, бидејќи оризовата арпа за килограм во зависност од сортата и кавлитетот ќе се откупува од 26 до 33 денари. Според оризопроизводителите годинава имаат и помали приноси.
На самиот старт на жетвата на оризот, кочанските оризопроизводители бараат да се изготви и нова производна цена.
Оризопроизводителите очекуваат годинава на 4.000 хектари под ориз да ожнеат околу 20.000 тони оризова арпа.
Викторија Јованова













