Спорт Фудбал

Ангеловски организира мини камп со фудбалери од домашното првенство

Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски и неговиот стручен штаб ќе организираат мини тренинг камп на кои се повикани фудбалери од домашниот шампионат и неколкумина од странство кои добија дозвола од клубовите да бидат дел од претстојниот тренинг камп. На тренинг кампот од 15. до 17. февруари се повикани 20 фудбалери, а ќе биде одигран контролен натпревар против Работнички.

“На тренинг кампот повикавме 20 фудбалери. Најголемиот дел доаѓаат од клубовите од домашниот шампионат, а неколкумина од странство. Клубовите добија дозвола од ФИФА да ги задржат своите фудбалери во мартовскиот термин за репрезентативни натпревари, а тоа значи дека изборот на фудбалери ни е значително скратен, освен се разбира за оние кои ќе добијат дозвола од своите клубови. Целта е евентуално да го дополниме главниот репрезентативен список со имиња на фудбалери кои ќе остават силен впечаток на тренинг кампот и на контролниот натпревар против Работнички. Се надевам дека овој тренинг камп ќе биде од корист за сите”, изјави селекторот Ангеловски.

Фудбалерите и стручниот штаб првиот тренинг ќе го имаат на 15. февруари на тренинг центарот  „Петар Милошевски“, а натпреварот против Работнички ќе се одигра на 17. февруари во 14:00 часот.

Повикани фудбалери:

Голмани: Ристо Јанков (Работнички), Костадин Захов (Шкендија);

Одбрана: Филип Најдовски (Тирана, Албанија), Томе Китановски (Македонија Ѓ.П.), Коста Манев (Академија Пандев), Есмин Личина (Македонија Ѓ.П.), Фатих Исмаили (Шкупи), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Ангелче Тимовски (Силекс);

Среден ред: Енур Тотре (Шкендија), Ѓорги Стоилов (Академија Пандев), Марјан Радески (Академија Пандев), Матеј Цветановски (Шкупи), Агон Елези (Вараждин), Али Адем (Шкупи), Лука Станковски (Работнички);

Напад: Марко Ѓорѓиевски (Раднички Пирот, Србија), Џемал Ибиши (Дубрава, Хрватска), Дашмир Елези (Шкендија), Љупчо Дориев (Шкендија).

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шкендија ќе ја прослави титулата со навивачите – ФФМ ја намали казната

Дејан Дејан

Карло Анчелоти и официјално на клупата на Бразил

Дејан Дејан

ФФМ почна постапка против седум членови на Кожув: Натпреварот ќе го истражува и Јавното обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе