Ракомет Спорт

Бабиќ: Игравме добро се надевам дека и утре ќе победиме

Еурофарм Пелистер ја совлада Татабања со 21:19 и ја забележа победа во првиот од двата дуели со унгарскиот претставник што ќе се одиграат во Битола.

“Татабања е многу цврста екипа која игра силна одбрана. Поради тоа не беше ова убав ракомет. Одигравме борбен натпревар и покрај многуте проблеми кои ги имавме со повреди. Се боревме за секој милиметар и многу сум горд на моите ракометари. Утре е нов предизвик. Нов натпревар имаат силен карактер и повторно очекува неизвесен натпревар кој ќе го решат нијанси. Се надевам дека ќе ја повториме борбената игра од денеска”, изјави тренерот на Битолчани, Жељко Бабиќ.

Вториот дуел со Татабања се игра утре, а почетокот е закажан за 17 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе