Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе забрани странски државјани да даваат здравствени услуги на пациенти во Клиничката болница во Битола. Ова е една од мерките на Инспекторатот по вчерашниот вонреден надзор направен во оваа установа, отккао беше објавено дека на Гинеколошкото одделение во битолската болница царски рез на родилка извршило невработено лице од соседна Србија. Инспекторите фактичката сосотојба ја констатирале по увидот во медицинската документација за пациентката, како и изјави дадени од директорката и вработени во болницата. При вонредниот надзор инспекторите констатирале и дека поведени се дисциплински постпаки против 9 вработни во Гинеколошкото одделение, а двајца лекари се суспендирани од работа.
До министерот за здравство ќе биде доставена информација за констатираната состојба и превземените мерки. ДСЗИ ќе издаде решение за забрана за вршење на здравстевена дејност во болницата односно забрана за давање на здравствени услуги на пациенти од страна на странски државјани без лиценца за работа обезбедена согласно Законот за здравствената заштита. ДСЗИ ќе достви известување до надлежното Обвинителство за случајот, со прилог докуметација обезбедена при надзорот за натамошно постапување, се наведува во соопштението од ДСЗИ
Во Обвинитеслството веќе е оформен предемет по добиена анонимна пријава на 12 јануари, кој сега е споен со кривичната пријава што завчера ја поднесе битолската полиција против лекарите и сопругата на едниот од нив
„Испитани се две лица кои дадоа свои сознанија за настанот и поднесено е барање до Лекарската комора на РСМ. На 3.2.2021 година јавниот обвинител издаде наредба за вештачење на Оперативни дневници на Одделот за Гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола, за кои постои сомнение дека содржат невистинити податоци„ се наведува во соопштението од ОЈО.
Настанот се случи на 1 јануари годинава, а пријава во болничката управа стигнала две недели подоцна, по што е покрената и дисциплинската посатапка. До крајот на оваа недела се очекува одлука на Дисциплинската комисија на Клиничката болница во Битола.
Емилија Мисирлиевски