Македонија

Затворска казна за сообраќајката кај Млечен, Димитриевска е задоволна

Апелацискиот суд ја преиначил казната за возачот за сообраќајката кај Млечен во која животот го загуби Гоце Димитриевски, а тешко повредена беше неговата сопруга, која го загуби и плодот во несреќата. Тој доби двегодишна казна затвор и забрана за управување возило во период од 2 години. Информацијата вчера во телевизиско гостување ја соопшти министерот за правда Бојан Маричиќ, кој од почетокот на својот мандат инсистираше на независност во носењето на судските одлуки.

По информацијата дека е променета условната казна со ефективна казна затвор за возачот во сообраќајката кај Млечен, во која животот го загуби 32-годишниот Гоце Димитриевски, неговата сопруга Наташа Димитриевска е задоволна. Таа вели дека народот не се согласува со времетраењето на казната, но сепак, според неа носи надеж за непристрасно судство. Додава дека напредок е и тоа што е изречена е и забрана за управување на моторно возило во период од 2 години.

Борбата на Димитриевска продолжува. Таа очекува Судскиот совет да го разгледа предметот против судијата кој го водеше предметот.

Инаку, Димитриевска во сообраќајната несреќа која се случи во октомври 2018 година во Скопје, го загуби својот сопруг и нероденото бебе, а таа се здоби и со тешки телесни повреди од траен инвалидитет.

Данијела Билбилоска 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Дејан Дејан

Поранешен министер за информатичко општество предлог за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе