Емисии Магазин Не пропуштајте

НИКОЈ КАКО… КАТЕ И НЕНАД – секој работен ден во 17:15

 ,,НИКОЈ КАКО … со КАТЕ И НЕНАД”:

– ВИ НОСИМЕ НОВА ПОПЛАДНЕВНА ЗАБАВА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Оваа есен бидете подготвени за многу забава, подароци, интересни муабети, караоке и разни предизвици низ игри, се со една цел, забава и бегство од секојдневните проблеми и дилеми.

На ТВ Телма започна проектот наречен НИКОЈ КАКО...

Контактно – забавната  попладневна програма се збогатува со нов проект во времетраење од еден час кој ќе се емитува секој работен ден на Телевизија Телма.

Водителската комбинација, Кате и Ненад, ќе се обидат  на забавен начин да ги опуштат гледачите по напорниот работен ден.

Меѓу содржините е  рубриката „ренде“ во која водителите на хумористичен начин ќе ги „рендаат“ позитивно или негативно јавните личности или настани кои биле актуелни изминатиот период.

Во секоја емисија се дружиме со познати гости кои ќе одговараат на најразлични интересни прашања, предизвици, караоке изведби на најголемите хитови.

Секако ќе се слушнеме и со нашите гледачи за кои во секоја емисија ќе имаме интересни подароци.

А крајот и  последните десет минути од секоја емисија ќе бидат урнебесни. Водителите и гостите на денот се натпреваруваат во игра која ќе биде максимално забавна за гледачите.

Не пропуштајте, секој работен ден во 17:15 на Телма, Ве чекаат Кате и Ненад  да се забавуваме и лудуваме заедно.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денес е светски ден на планетата Земја

Дејан Дејан

Уништен е Прстенот на рибарот: Симболот и значењето на папската власт кај Папа Франциск

Дејан Дејан

ТЕЛМА вработува новинар-уредник за веб сајт и креатор на содржини за социјални мрежи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе