Кривичната Неделкова против Здравев и уште двајца членови на Судскиот совет заврши во корист на пријавените. Кривичната пријава која судијката од врховен Лидија Неделкова им ја поднесе пред само две недели обвинителството ѝ ја отфрли. Таа ги товареше за злоупотреба на службената положба. Решавале за нејзината одговорност под политичко влијание а убедувале и други членови.
Наводно ги пречекориле границите на своето службено овластување со намера потешко да ги повредат правата на оштетената, а притоа од лични и политички причини вршеле влијание и врз другите членови на Судскиот совет при одлучувањето. Така, предлогот на Комисијата која го разгледувала извештајот и предложила запирање на постапката против судијката на Врховен суд го вратиле на доработка, потоа избрале нов член во Комисијата и одлучувале без да ја известат оштетената за резултатите од гласањето и за дополнително спроведените дејствија. На 19.01.2021 година Комисијата, без никакви дополнително утврдени околности, донела предлог-одлука за разрешување на судијката во Врховен суд.
Но од обвинителството тврдат дека за да го проверат ова ги собрале сите списи од предметот и детално ги проучиле. Утврдиле дека на седница на комисијата која одлучувала за предметот на Неделкова а која се одржала на крајот на септември имало предлог да се запре постапката против судијката. Но бидејки немало двотретинско мнозинство било оценето дека е потребно предметот да се доработи. На седницата првата од пријавените воопшто не се јавила да зборува додека втората пријавена се јавила за збор но за тоа не може да е одговорна како член на судскиот совет. На 18 ти јануари комисијата повторно имала ново советување и гласање, но до денес не е познато дали се бара одговорност од Неделкова.
Инаку пријавата против Неделкова е од пред година и пол и тоа од тогашниот претседател на Врховниот суд Јово Ванѓеловски. Од друга страна пак обвинителството го гони ванѓеловски дека ја оштетил Неделкова што не и дал додаток на плата од 500 евра. Сега обвинителството ја упатува Неделкова доколку не се согласува со неговата одлука да се жали во Вишото обвинителство.
Билјана Николовска