Шест лица припадници на криминална група се уапсени во синоќешната акција на полицијата во Прилеп. Приведените се на возраст од 31 до 41 година, се сомничат за продажба на дрога, а во овие криминлани активности, вмешани се и полицајци за кои се води истрага. Групата била следена од септември лани, од кога полицијата заедно со обвинителството спроведува истрага за недозволена продажба на хероин, марихуана и амфетами на подрачјето на Прилеп.
Во склоп на оваа акција обезбедени се докази за функционирањето на оваа криминлна група и приведени се 16 лица, а во текот на вчерашниот ден привеени се 6 лица и извршени се претреси на 16 локации. При претпресите е пронајдена дрога, пари кои потекнуваат од продажба на дрогата, мобилни телефони, возила и други предмети поврзани со истрагта. Овие лица понатаму ќе бидат предадени на јавен обвинител и понатаму изнесени пред суд, изјави Тони Ангеловски портпарол на МВР.
Организторите имале соработка со полициски службеници и влијаеле врз нив да не ги гонат за криминалните активности и трговијата со дрога. Од МВР велат дека имаат докази и за вмешаност на полицајци.
Во вчерашните приведни нема полициски службеник, но имаме обезбедено докази за поврзаност на полициски службеници со овие криминални структури, а во наредниот период ќе работиме да има кривична одговорност и за нив, додава Ангеловски.
Истрагата продолжува и во насока на утврдување одговорност на полицискте службеници, но и за други лица за кои постојат основи на сомневање дека се вмешани во трговија со дрога, соопшти МВР.
Емилија Мисирлиевски