Вести Македонија

Собраниската дебата доби слаби оценки

Да беа пратениците – студенти, ќе паднеа на испитот пред Институтот за демократија. Со средна оценка од 5,5 ќе требаше да  преполагаат, а за наредната сесија, односно парламентарни избори, подобро да се подготват за квалитетна собраниска дебата. Извештајот го опфаќа периодот 4 август – 31 декември, бележејќи пад во однос на истиот период 2019-та, кога оценката била преодна: 6.00. Причините делумно се во структурата, бидејќи 80 од 120 пратеници се нови, но и во непочитувањето на аргументите.

Пратениците не ги почитувале аргументите ниту на надворешните учесници: власта ги послушала 18 одсто, а опозицијата само 2 одсто. Институтот Социетас цивилис смета дека на пратениците им треба обука и ораторски вештини.

Времето за дебата е нерамномерно распределено: опозицијата говорела 61 одсто од вкупното време, а власта 39 одсто. По пратеници, најговорливи биле Бојан Стојановски со 278, Гордана Силјановска-Давкова со 256 и Панчо Минов со 213 минути. Институтот го набљудува квалитетот на дебатата во Собранието од 2014-та година. Најдобрата оценка била 6,3. Последнава недела, ова е трет извештај кој бележи пад на демократските вредности, по оној на Транспаренси интернешнл за индексот на корупција и на Економист, кој ја смести земјата во групата хибридни режими.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Првиот роденден во бегство го прослави поранешниот вицепремиер Артан Груби- надлежните се уште немаат формална потврда каде се крие

Дејан Дејан

ИЈЗ повикува на почитување на мерките за заштита за време на високи температури

Дејан Дејан

(Видео)Демонстранти погодени со шок бомби – протестираа поради апсењето мигранти во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе