Вести Македонија

Милион евра за крајбрежјето на Дојран

Повеќе од еден милион евра ќе добие општина Дојран за подобрување на состојбата на Дојранското Езеро. Владата за три месеци им ги одобри овие пари за да се работи на клучните проблеми како чистење на калта и вегетацијата од  крајбрежјето. Градоначалникот Анго Ангов вели дека станува збор за штетна вегетација а со нејзино отстранување ќе се отворат и нови плажи.

Ќе се распише меѓународен тендер за чистење на езерото, а општината ќе добие и свој багер на вода којшто во иднина ќе им служи за тековно одржување на езерото, но и пробивање на нови плажи.

Пролетва Дојран ќе ја уреди и познатата локална плажа Калдрма, за којшто издвои околу 3 милиони денари од сопствениот буџет.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата со нова телефонска линија за повредените и семејствата од Кочани

Дејан Дејан

Крвопролевањата продолжуваат – убиени 22 Палестинци во израелски напад во Појасот Газа

Дејан Дејан

Загинаа три лица во руски ракетен напад врз Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе