Пратениците од мнозинството ќе одлучат дали да го одложат пописот откако ќе го чујат мислењето на здравствените работници. Без оглед на датумот, решени се попис да има.
Петровска повтори дека, Законот што е усвоен во Собранието гарантира спроведување на попис по сите меѓународни пракси и стандарди, а Државниот завод за статистика има капацитет да спроведе попис.
Можност за одложување на пописот најави и премиерот, откако претседателот на државата изјави дека би било добро, власта и опозицијата да направат компромис и пописот да се одржи два-три месеци подоцна од планираното. Но, опозициската ВМРО ДПМНЕ бара одложување за една година или спроведување на целосно електронски попис.
Тие вчера ја почнаа и правната процедура за собирање на потписи, со кои ќе се обидат да го укинат Законот за попис што беше донесен минатиот месец.
Далиборка Демјанска Цветановска