Македонија

Недостигот на лекари, но и скусениот буџет ја успорува скриниг програмата за карцином

Совршен на хартија, потфрли во пракса. Сеопфатен и организиран, но во многу случаи задоцнет скрининг на ракот на грлото на матката и ракот на дојка. Последното истражување на здржението ЕСЕ укажува на проблеми во спроведувањето на програмите. Невладината алармира на прерано згаснати животи, заради предоцна откриени малигни заболувања. Велат, скусениот за 2, 8 милиони денари буџет, не оди во прилог на раното откривање на рак на грло на матка. Во моментот пари има само за 30 проценти од жените на скринигот. Поразителни се податоците и од спроведувањето на програмата за ракот на дојка.

Скринингот го отежнува недостигот од гинеколози, со години наназад горлив проблем во здравството. Во 40 општини ниту една гинеколошка ординација. Меѓу нив е и скопската Шуто Оризари, која повторно, преддолго чека на нов гинеколог. Во моментот, според податоците на ЕСЕ, само 60% од жените во земјата имаат избрано матичен гинеколог – Најдискриминирани се жените-ромки.

Невладината со апел до надлежните, веднаш да ги зголемат финансиските средства за скрининг на овие малигни заболувања, да го следат примерот на европските држави, каде  опфатот на жените со овие програми е над 75%. Парите се клучен проблем, дополнително продлабочен од лошата координација на службите во здравството задолжени за скринингот, потенцираат од ЕСЕ.

Весна Јовановска Дојчиновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе