Екс претседателот на Врховниот Суд, Јово Вангеловски, бара медиумите да го следат судскиот процес против него за да може јавноста да види како се однесува оштетената во случајов судијката Лидија Неделкова.
И покрај тоа што тој беше разрешен од функцијата судија, не сака да зборува дали се чувствува како дел од т.н. прочистување на судството.
За него сепак е зачудувачки што е гонет само поради тоа што и скратил паричен надоместок на судијката која на работа не дошла 3 дена.
Вели за тоа се добива дури и отказ. Инаку, Вангеловски беше разрешен поради случајот со приведувањето на бизнисменот Сеад Кочан.
