Култура

Нора Шаќири поставена за в.д директор на Театар Комедија – разрешен Сашо Ристевски

Поради  неправилности во работењето, утврдени од вонредниот инспекциски надзор од Министерството за култура , денеска е разрешен Сашо Ристовски од функцијата директор на НУ Театар Комедија, соопшти Министерството за култура.

“При надзорот е утврдено дека директорот на  театарот презел обврски над одобрените средства од  Министерството за култура  во вкупен износ  од  8.734 486,оо  денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл.70 а, став 4 од Законот за култура” – се вели во соопштението.

До изборот на нов директор, заради непречено фунционирање на оваа установа,  за   в.д.  директор е назначена Нора Шаќири Марковиќ, вработена во театарот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе