Ковид19 Топ вести

Собранието ќе одржи продолженија на две седници

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржи продолженија на две седници, на 28-та и на 29-та седница.

На продолжението на 28-та седница преостанати се неколку предлог закони од областа на економијата – изменувања и дополнувања на Законот за даночна постапка, на Законот за регистрирање на готовински плаќања и на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри – сите во прво читање. На дневен ред на седницата е и Предлогот на закон за реализација на проектот „Нов Универзитетски клинички центар“ за изградба и ставање во употреба на комплекс на градби, кој се носи по скратена постапка.

По завршувањето на 28-та седница, Собранието треба да продолжи со работа по точките од 29-та седница, меѓу кои се и Предлог на закон за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на основното образование.

Пратениците треба да расправаат и за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за семејството, Законот за библиотеките и на Законoт за заштита на културното наследство, сите по скратена постапка.

Во прво читање треба да бидат разгледани и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва,  на Законот за метрологијата, на Законот за заштита и благосостојба на животните и на Законот за идентификација и регистрација на животните.

На дневен ред е и Информација за состојбата на тутунот од реколта 2020-2021 заклучно до 21 декември лани, поднесена од пратеници од опозицијата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излезните анкети навестуваат победа на „Самоопределување“ на Курти на предвремените избори во Косово

Igor Trajkov

 СДСМ со нова идеолошка платформа ќе врши притисок врз власта

Igor Trajkov

КОД – Посебни истражни мерки за борба против криминалот за кои граѓаните не ја знаат цената

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе