Актерите од струмичкиот театар бараат итна средба со министерката за култура за според нив спорниот избор на директор на Центарот за култура во градот. Тие покренаа иницијатива што ја нарекоа „Фискултура или култура“ а која има за цел да укаже дека за раководители на најголемите културни установи треба да бидат поставени луѓе од културата, а не професори по физичка култура.
Иницијативта на струмичките актери ја поддржаа уметници од целата земја.
Револтот на струмичките актери се јави откако дознаа дека од тројца кандидати за директор на центарот за култура Антон Панов, меѓу кои магистер по менаџмент на култура, актерка и професор по физичко воспитување, избран е професорот.
Сузана Мицева