Ковид19

Нова донација од СЗО за ИЈЗ во борбата против Ковид-19

Светската здравствена организација додели нова значајна помош за македонското здравство, овој пат како донација за Институтот за Јавно Здравје.

Придонесот кон зајакнувањето на капацитетите на државата за дијагностицирање и зајакнување на лабораториите кои вршат молекуларни тестови за присуство на САРС – КОВ- 2 се состои од 20 000 брзи тестови, 3 биомедицински замрзнувачи кои работат на -30 степени целзиусови и 2 замрзнувачи на – 86 степени целзиусови.

Според информациите од светската здравствена организација, капацитетите на замрзнувачите се следни: во еден биомедицински замрзнувач од -30 степени може да се сместат околу 57 000 дози вакцина, што значи вкупно 171 000 дози вакцини за трите замрзнувачи, додека во еден од замрзнувачите со  – 86 степени целзиусови може да се сместат 117 000 дози на вакцини или вкупно за двата замрзнувачи – 234 000 дози вакцини.

Вкупната вредност на донациите, кои беа презентирани пред директорот на ИЈЗ, Шабан Мемети и раководителката на лабораторијата за вирологија, Елизабета Јанчевска, изнесува 156, 254 американски долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пановски: По сите основи сме далеку од здрава нација – обложувалница како главен “спорт“, а 70 посто од општеството на раб на сиромаштија

Tea Dimkovska

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус ширум светот

Дејан Дејан

Нема кој да ги контролира авионите на лондонски Гетвик – сите вработени се болни од ковид – откажани стотици летови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе