Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иванов сведок на судењето на организаторите за насилствата во собранието на 27 април

/

Македонија

Сподели преку :

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Како сведок е повикан и поранешниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

На денешното рочиште се повикани повеќе сведоци, меѓу кои Игор Атанасовски, Зоран Коњановски, Ристо Донев, Игор Бошковски …

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Jumbo 2