Вести Македонија Топ вести

Комуникацијата меѓу џудо тренерот и девојчињата на увид на вклучените во случајот со сексуалното злоставување

Нема увид во останатите докази против осомничениот тренер по џудо од прилеп кој се сомничи дека сексуално злоупотребувал малолетнички. Неговиот адвокат Жаре Стевановски за Телма потврдува дека побарал освен сведочењата на трите девојчиња, да ги види останатите докази мегу кои и вештачењата од телефоните.

Но до сега судот не го овозможил ова. Останатите докази се очекува да ги поткрепат тврењата на жртвите. Телефонските пораки мегу малолетничките и нивниот тренер кој е осомничен дека ги злоставувал се особено битни и за адвокатот кој се двоуми дали да продолжи да го брани. Осомничениот тврдел дека ништо од она што е наведено во обвинението не е точно, но неговиот бранител најави дека ако комуникацијата го открие спротивното тогаш ќе се откаже од случајот. Сепак останува и на барањето за полиграфско тестирање.

Пред два дена полицијата го приведе, обвинителството побара, а судот одреди 30 дневен притвор за 46 годишниоот џудо тренер и сопственик на клубот кој е осомничен за обљуба со злоупотреба на положбата. Три девојчиња сведочеле дека сексуално биле злоупотребени во периодот од април до ноември лани и тоа во пшросториите на клубот но и на едно од патувањата. Тие се на возраст од 14 до 17 години и нему му биле доверени за тренирање и воспитување.

При распитот по службена должност учествувале двајца социјални работници и слушале се што раскажала првата жртва. Доколку на некое од девојчињата е потребна психолошка поддршка поради она што го доживеале во клубот, од центарот за социјални грижи велат дека ке работат со нив.

Откако изби скандалот, џудо федерацијата објави дека лиценцата била одземена од септември но клубот и понатаму работел. Во мегувреме истрагата ке треба да утврди дали има и други жртви кои се уште не се охрабриле да проговорат. Ваков сличен случај во моментов ја тресе и српската јавност но со познатата актерска школа на глумецот Мирослав Алексик.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе