Вести Македонија Најважни

Владата не кажува дали ќе го разреши директорот на струшката болница Асани

Директорот на струшката болница Мухамед Асани денеска е повикан на разговор во Владата, но не за да добие отказ, туку да реферира – откако Државниот санитарен инспекторат откри гинеколошка ординација во неговиот дом во Струга која работела на диво. Поднесе е пријава до Обвинителството.  Но, и по десетина денови од скандалот, вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски не кажува дали Асани ќе биде разрешен од функцијата директор на струшката болница. Вели ќе го почекаат извештајот од стручниот надзор.

„Сега мислам дека прецизно и јасно одговорив. Значи ние сме тие кои што први кажавме, го објавивме случајот, работевме деноноќно овие денови да се расчисти до крај, да влезат инспекторите внатре да се констатира состојбата, експресно дадено решение за забрана за вршење на дејност. Треба да се сочекаат сите информации и да се  донесат другите одлуки кои што треба.“- вели Николовски.

Во пријавата доставена до  обвинителството, има и заведени нотарски изјави од 4 пацинетки кои тврдат дека докторот во таа ординација ги прегледувал после 15 часот. Една од пациентките во изјавата посочува дека во таа ординација, докторот ја контролирал нејзината бременост уште пред осум години. Инспекторатот вчера донесе и  решение – забрана за вршење на дејност во  гинеколошката ординација која пак воопшто не е регистрирана никаде, нема ниту дозвола за вршење на здравствена дејност. Николовски вели тие постапувале –  но ги повика граѓаните и медиумите да  пријават и за други вакви случаи.

Законот мора да важи за сите поддеднакво. Никој не е над законот за да си дозволи вака во простории кои што не се регистрирани, не се евидентирани нема дозвола за работа да се вршат било какви прегледи било какви услуги кои не се дозволени- вели Николовски

Стручниот надзор не е готов. Го  прави Лекарската комора каде член е и гинекологот  Асани, но тој не е член на комисијата која одлучува за него. Надзорот е за предметот кој го открија медиумите, за  обвинувањата на родилка од Дебар дека после породување со царски рез во струшката болница, останала без матка,бубрег и јајник поради лекарска грешка. Асани во изјава за Телма рече дека бил дел од тимот, работата ја извршиле совесно и се задоволни што на пациентката и го спасиле животот. Додека пак за двата ординација во неговиот дом, во која инспекторите влегоа со полициска асистенција и наведоа дека е комплетно опремена со , со чекална, рецепти, гинеколошки стол, Асани тврдеше дека во неа не прегледувал.

Александра Филиповска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе