Македонија

Камперите на Треска бараат средба со претставници од Владата

Езерото Треска не е од локално, туку од значење на сите граѓани на Скопје, велат членовите на Здружението на кампери, незадоволни од одлуката на Општината Сарај, овде да никне нова туристичка развојна зона. Бараат итна средба со Владата за надминување на проблемите.

Известувањата за селење на приколките во рок од 60 дена да ги стопираат под итно, додека не се дојде до договор со Владата. Понатаму предлагаме, ако има инвеститор на цел овој простор да гради хотели, објекти, ресторани и казина, како што рекоа, има простор од десната страна на езерото , илјадници метри квадратни. Ако им е тоа малку, предлагаме оваа улица што води овдека, да се загради. Приколките да немаат контакт со езерото. И овдека има уште илјадници метри квадратни, ако се заинтересирани да градат, вели Петре Неделковски од Здружението на граѓани и кампери на езеро Треска.

Иако денеска не работеше механизацијата, видливи беа претходните уривања на инфраструктурата и опремата на Треска.

Да се стопира овој вандализам, оваа работа што се пљачка, се уништува имотот на граѓаните на град Скопје и имотот на камперите. Невиден вандализам. Преку ноќ, преку ден, не се знае кој работи, кој краде. Нерегистрирани луѓе…Врати, капии отворени. Оставени сме на милост и на немилост, вели Ацо Гиновски-Здружение на граѓани и кампери на езерото Треска.

Со одлука на Влада од ноември 2013 година, Треска,  преминува од Град Скопје во надлежност на Општина Сарај. За управување со него, Општината Сарај  формира комунално претпријатие.

Таму сме ние од ЈКП „ Сарај“, таму работат нашите работници. Нормално, ангажиравме и друга фирма за побргу да се расчисти теренот и да биде чисти. Не е вистина дека се краде таму . Таму се работи за прочистување на езерото Треска, вели Сабахудин Рустеми – директор на ЈКП„ Сарај“.

Од Владата велат дека документот за прогласување на „ Треска“, за развојна туристичка зона е доставен до надлежните министерства и кога ќе има одлука, таа ќе биде јавно соопштена и дека со тоа прогласување се отвора можност за привлекување инвестиции и градење капацитет што ќе биде не само од интерес на Скопје, туку и на целата држава. Владата препорачува, доколку во новиот урбанистички план се одредат локалции за кампови, закупците кои до сега редовно плаќале да имаат предност, доколку сакаат да земат земјиште под закуп.

Езерото  Треска беше изградено пред повеќе од 40 години  со самопридонес на граѓаните на  Скопје.  Долги години беше место за одмор во летните месеци, но последниве години водата е загадена и таму е забрането капење.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: Имаме стабилно мнозинство

Дејан Дејан

Законот за сајбер безбедност наскоро низ владина процедура, во јуни во Собрание

Дејан Дејан

Билатералните прашања да останат билетерални, а не кочница на евроинтегративниот пат – порака на шефицата на австриската дипломатија од Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе