Заводот за статистика ја подготвува методологијата според која ќе се врши пописот по што ќе биде јавно презентирана.Оттаму се децидни дека најголемата статистичка операција ќе се реализира во април. ВМРО ДПМНЕ деновиве ќе отпочне со акцијата за собирање потписи во подрачните одделенија. На тој начин ќе го прикажат револтот кај граѓаните од законското решение.Не се согласуваат ниту со висината на казните за оние кои ќе одбијат да се попишат.
СДСМ уверува дека Државниот завод за статистика и институциите имаат капацитет да спроведат попис според сите прописи на Евростат.
Законот за попис доби подршка од сите партии на Албанците.
Јулијана Пешевска