Државната изборна комисија влегува во изборна година со нов состав но и како што рекоа за сега со помалку пари од тоа што им е потребно за спроведување на локалните избори на есен. Во буџетот на Комисијата има 4,3 милиони евра за изборите. Но, министерството за финансии не им одобрило речиси 4,9 милиони евра за набавка на опрема која ќе овозможи граѓаните за прв пат на избори да се идентификуваат преку отпечаток на прст. Според претседателот на ДИК Даштевски, тие мора да ја спроведат законската обврска, ако пари не даде финасии. ќе побараат од Владата.
Политичките партии за медиумска кампања ќе добијат речиси 2,8 милиони евра. Но, според Даштевски и тие ако не се доволни ќе бараат уште.
Од Комисијата ги потсетија општините дека за локалните избори и тие имаат обврска да обезбедат пари во нивните буџети. Општините ќе треба да го платат превозот на членовите на Избирачките одбори од општинските до избирачкото место. Но, нивна обврска е и исплатата на надоместоците.
Во буџетот пари има за гласачките материјали,превоз, опрема за изборите, за обуки на вработените. 45.000 евра се обезбедени за пи-ар агенција која ќе ја изработи кампањата на ДИК за обука на гласачи. Даштевски убедува дека ќе работат на зајакнување на системот, за да не се случи повторно хакерски напад, како на ланските избори.
Александра Филиповска