Вести Македонија Најважни

20 соеви на вирусот во земјава- ја нема британската мутација

180 тестирани геноми на пацинети, пронајдени 20 соеви, но ја нема британската мутација на вирусот во земјава се наведува во извештајот на лабораторијата на Македонската академија на науките и уметностите, направен заклучно 11 јануари.  Соевите се изолирани од пацинети од различни градови, а од два вида на вирусот се заразиле дури 75 проценти или повеќе од 60 илјади граѓани до вкупниот контигент на заразени. Едниот, е европски ,а вториот од соседството кој ,пак, доминира во изминатиот месец.

„И двата соја се присутни од почетокот на пандемијата, од кои B.1.1 сојот (присутен во цела Европа, а со највисока застапеност во Грција, Италија, Австрија, Шведска, Турција, Русија итн) има стабилна фрекфенција, додека фреквенцијата на B.1.1.70 сојот (присутен со повисока фреквенција во Србија, Хрватска, Косово) се зголемува во последните месеци и во моментот е доминантен кај анализираните пациенти.“

Регионалната верзија која е доминатна во изминатите два месеци или В. 1.1. 70 измутирала и тоа кај пациент од Охрид во месец јуни. Пронајден е и во две држави од Западна Европа, а научните од земјава смируваат дека не е поопасен од неговите претходни верзии.

„Истиот во меѓувреме е детектиран со ниска фреквенција и во неколку други земји, меѓу кои Швајцарија и Данска. И покрај тоа што не се направени функционални испитувања на оваа варијанта, согласно епидемилошките податоци за стивнување на епидемијата во нашата земја во последниот период, се претпоставува дека овој сој не е поврзан со зголемена трансмисивност, ниту пак со тежината на клиничката слика на заболените.“

Доека Македонија е во битка со досега истражените соеви на вирусот, најопасната „британска“ варијанта пристигна во соседството. Грција со двоцифрени заразени од овој тип, а по Косово и Србија го вклучи алармот откако патничка слета заразена на аеродормот во Белград „ Мутација е со 70 отсто побрз пренос, а првично се појави во Велика Британија, а здртваствените власти во во земјава во пресрет на новогодишните прзници ги прекинаа авионските летови кон островот. Останатите власти се во очекување на здравствниот врв да предложи нови, по засилени мерки против ширењето на новата мутација од вирусот.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дефект во трафостаница доведе до краток прекин на струја во делови од Центар, вклучително и Клинички, проблемот надминат

Дејан Дејан

Напладне пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово

Дејан Дејан

„Кој е следен?“ најавува герила-акција пред Обвинителството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе