Вести Македонија

Речиси 100 странски градежни работници работеле без документи

На градилиштето зад „Рамстор мол“ полицијата откри 97 странски градежни работници кои без документи таму работеле подолг период. Од МВР потврдија дека  полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи спровеле контрола на градежни објекти на фирма од Турција меѓу булеварот „Кирил и Методиј“ и улицата.„Јордан Мијалков“ поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати 97 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени.
Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Исто така, соодветни пријави ќе бидат поднесени против фирмата и против 15 други фирми-подизведувачи.

Ова не е прв случај. Пред една година полицијата  привела група илегални работници, но во овој случај станува збор за поголем број странски ѕидари. МВР сè уште проверува какви државјанства имаат затекнатите илегалци и не откриваат за која фирма се работи. Но апсењето и комбињата на МВР, според фотографијата на порталот Сакам да кажам, се токму на градилиштето на турската компанија „Лимак.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието ќе добие безбедносна зона од 1,5 хектар, со воздушна граница од 100 метри во вис и забрана за протести- ќе предизвика и финансиски трошоци за откуп на земјиштето планирано за приватен паркинг

Дејан Дејан

Универзитетски професор со втор министерски обид и поранешен новинар и маркетинг агент- Собранието ги објави биографиите на предлозите за нов министер и заменик министер

Дејан Дејан

„Ѓаволот е во деталите“ потенцира Арсовски – низок изборен праг може да донесе фрагментирано собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе