Вести Македонија Топ вести

Локалните избори ги разбудија „креативните“ идеи на општинските ПР служби

Кој профитира од мемето на американскиот сенатор Берни Сандерс. Тој самиот собира пари преку неговиот сајт од продажба на облека, но за хуманитарни цели.

На другиот крај од светот пак, во земјава, Град Скопје се обиде да профитира, ама маркетиншки. Вчера на својата фејзбук страница објави дека постави клупи на повеќе локации од градот. За зачудување на јавноста беше тоа што токму ликот на сенаторот Берни Сандерс се најде на дел од фотографиите.

Но Град Скопје не е единствениот кој предизборно започна да се фали со се и сешто на секаков начин. Во очи на локалните избори кои треба да се случат во октомври креативноста не ги напушта ниту останатите градоначалници кои се уште не знаат дали ке бидат кандидирани или не од својата партија. Така вчера социјалните медиуми беа окупирани од веста дека Општина Аеродром ќе гради голф игралишта. На овие два случаи веднаш реагираше опозицијата која вели дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов нема капитален проект, освен фотошоп клупите на кој се појави Сандерс. За нив несреќен проект е и проектот на Златко Марин за изградба на голф терени.

Но не помалку забележани настани беа и шахтата која е санирана во центарот на Штип а со која се пофали на фејзбук општината. Со посебен настан се истакна и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу кој од општината на државата и донираше две амбулантни возила.

Градоначалничките избори се наесен. За сега ниту една партија не ги открила кандидатите со кои ке оди на изборите. Првите луге на општините пак ја започнаа и трката за да ги придобијат и партиските но и симпатиите на граѓаните. Тие пак треба да бидат подготвени дека се почесто на општинските инфо канали ке видат дека на пример било променето прегореното улично осветлување, нешто со што се последна се пофали општина Карпош.

Билјана Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор ги ставил ад акта идентитетските прашања за историја, култура, јазик и народ, решени се

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата, сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од Рамка

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Дваесет години маратон не се слави, ние не ја напишавме тажната приказна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе