Вести Македонија Најважни

Матурантите ја бојкотираат онлајн наставата, бараат да полагаат 2 предмети за матура

Матуранти денеска не се вклучија во онлајн-наставата и во почетокот на второто полугодие од учебната година. Организирани од Средношколскиот сојуз, почнаа бојкот зашто бараат да полагаат два наместо четири (три екстерни и еден интернет предмет) од државната матура – спротивно на ставот на МОН дека оваа година нема да има измени во бројот на испити, но дека ќе се полага по скратени програми.
Претседателот на Средношколскиот сојуз Бленди Ходаи изјави дека според известувањата од нивни ограноци, бојкот има во средни училишта во 20 градови, вклучително и во Скопје, а онаму каде што не почнал е зашто не биле известени и дека ќе бојкотираат од утре.

Рече дека вчера имал онлајн-средба со министерката Мила Царовска за повторно, како и пред два месеца, да побараат намалување на бројот на предметите за државна матура, односно да полагаат два – мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и втор предмет што ќе биде од областа која матурантот планира да ја студира.

– Немавме договор за намалување на бројот на предмети. Како и на средбата што ја имавме во декември, министерката рече дека тоа ќе се земе предвид за новата концепција за државна матура од идната учебна година и дека Државниот испитен центар нема време сега да ги намалува, рече Ходаи.

Средношколски глас, пак, собира онлајн-потписи за неполагање на државната матура, но Ходаи вели дека Средношколски сојуз не е за целосно укинување на матурата.

Министерството за образование и наука соопшти дека над 14 илјади матуранти ќе полагаат државна матура според утврдената концепција за матурски испит, која не може да се менува во од, а дека измени се можни за наредната учебна година.

Државниот испитен центар во ноември ги објави и термините за испитите од трите екстерни испити кои ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни 2021.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави поевтинување на горивата од понеделник

Дејан Дејан

Мицкоски: До 1 јули во Собранието ќе биде доставен предлогот за нов владин кабинет

Дејан Дејан

Еден загинат и повеќе повредени во руски напад врз Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе