Вести Македонија Топ вести

Фетаи: Обвинетиот Љута во Монструм барам да се ослободи , останатите сториле тероризам

Во завршините зборови во кровичниот суд з предметот „Монструм“ обвинителката Фатиме Фетаи одлучи да го запре гонењето на обвинетиот Сами Љута и за него го повлече обвинението бидејќи обвинителството не обезбедило доволно докази дека тој е вмешан во петкратното убиство кај Смилковоското езеро.

Допрецизирајќи го обвинителниот акт Фетаи се задржа на кривичното дело Тероризам за остантите обвинети Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и двајцата бегалци во Косово: Алил Демири и Африм Исмаиловиќ брајќи од судот доживотни затворски казни.

Фетаи на 70 страници пред присутните и камерите кои го следат нејзиното излагање на завршните зборови одново ги наведе доказите изнесени во повторниот процес пред судот, а наводите на одбраната дека станува збор за монтиран инцидент од полициски структури ги нарече ,,научна фантастика”.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еден загинат и повеќе повредени во руски напад врз Харков

Дејан Дејан

Трамп: „Ќе ја завршиме војната меѓу Русија и Украина“

Дејан Дејан

(ФОТО) Тешка сообраќајна несреќа кај Свети Николе: 10 повредени, дел со тешки повреди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе