Македонија

Се бореше во судските ходници за Никола Груевски и му местеше судии – сега е разрешена за дубарите со АКМИС системот

Татјана Михајлова, е втор поранешен претседател на скопскиот кривичен суд што се разрешени поради местење на судии на определени процеси и поради дубари со компјутерскиот систем за распределување предмети –АКМИС. Михајлова беше претседателка на судот на почетокот на 2017-та и за тие три месеци направи неколку работи кои одекнаа во јавноста, го смени распоредот за да намести подобни судии на случаите на СЈО, а таа лично го водеше процесот Шамарите во Центар каде со неколку свои постапки на работ од процесните правила се стави во заштита на екс премиерот Никола Груевски. Разрешената ги казни со по 2 илјади евра обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи, но најсериозното обвинување дојде од нејзина колешка која сведочеше против неа како Михајлова го изигрувала АКМИС системот и местела судии.

Денеска по повеќе од 18 месеци работа, во спора постапка поради боледувањето на судијката, судскиот совет ја разреши, а прв со иста таква судбина поради АКМИСОТ беше нејзиниот претходник, Владимир Панчевски. Претседателот на советот не го спомна нејзиното име бидејќи Михајлова има право да се жали.

Здравев потврди дека за двајца судии поврзани со скандалот од 20 милиони денари казнени налози скриени во фиока на починат судски курир во суд во внатрешноста е отворена постапка за да се види зошто не презеле ништо за казните кои ги изрекувале и стоеле во фиока.

Токму овој случај за кој поголем дел од членовите дознале од изјава на обвинителката Вилма Рускоска каде бил пријавен за да се истражи кривично е причината поради која во советот на денешната седница избила жестока расправа на висок тон затоа што членовите не знаеле ништо. Исто така не биле информирани ниту за случајот со Управниот суд каде се откриени стотици недоставени решенија. Здравев пак тврди дека немало висок тон туку дебата кој да дава изјави пред медиуми.

Мимиор Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе