Македонија Топ вести

Партиите на Албанците почнаа со лицитирање на бројките од пописот

И без да се спроведе пописот ДУИ знае дека во Македонија бројот на албанската популација е повеќе од 20%. Негираат дека се водат какви било преговори за исходот од статистичката операција, но убедени се дека е таква демографската слика.

Коалицискиот партнер на ДУИ, СДСМ се изненадени од ваквото тврдење.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека се прави политички пазар со најголемата статистичка операција. Бараат законот итно да се повлече и да не се дозволи тој да се усвои.

Расправата за Законот за попис заврши и се очекува владејачкото мнозинство да обезбди 61 пратеник за гласање. Подршка за законот најави и пратеничката група Алијанса на Албанците-Алтернатива кои сметаат дека во Македонија има над 29% Албанци.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: „Ќе ја завршиме војната меѓу Русија и Украина“

Дејан Дејан

(ФОТО) Тешка сообраќајна несреќа кај Свети Николе: 10 повредени, дел со тешки повреди

Дејан Дејан

ССМ: Синдикалната кошница во јуни 68.654 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе