Македонија Топ вести

Крстот во Охрид положен во црковен казан – граѓани се капеа во езерото

Без литии и традиционално фрлање на Светиот Крст во реките или градските базени низ државата оваа година.

Охриѓани верни на традицијата индивидуално го одбележаа  Богојаваленското осветување на водите, светиот крст го положија во црковниот казан, го фати Никола Чорбевски а најхрабрите се фрлија во охридското езеро.

Македонската Православна црква се огради од масовните собири заради одговорност кон јавното здравје и почитување на епидемиолошките здравствени мерки.

Полицијата зимешна мешу присутните го следеше групирањето ан граѓаните кои, пак, велат дека ги почитувале мерктие на претпазливост.

Ако крстовите остана во црквите, граѓаните ширум земјата индивидуално или во помали групи доследно на традицијата влегоа во најблиските води да се искпат според празничниот ритуал.

Водици се празнуваше во сенка на пандемијата, но под будното око на полицијата. Казни од полицијата нема нема ниту за капачите, ниту за оние кои изутринава ги посетија  православните храмови за да присустуваат на црковните литургии одржани од свештаните лица на МПЦ.

Светиот Крст не се фрлал неколку години по Втората светска војна, а традиција било тоа да се прави во црквите, каде што во сите има мали базени. Незадоволстовто од нерпазнувањето на Водици охриѓани го изразија преку транспаренти во делови на градот со порака дека и за време на коминистичкото управување немало ограничувања во празнувањето.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе