Ковид19 Македонија

Церемонијата за утрешниот празник Водици нема да се одржи

Литии и традиционално фрлање на Светиот Крст во реките или градските базени низ државата оваа година ќе нема. Одлуката ја донесе Македонската Православна црква и на својата веб страница објави дека во духот на препораките на Министерството за здравство  празниците се прославаат со одговорност кон јавното здравје и почитување на епидемиолошките здравствени мерки. Затоа оваа година Богојаваленското осветување на водите ќе биде во храмовите.

Светиот Крст не се фрлал неколку години по Втората светска војна, а традиција било тоа да се прави во црквите, каде што во сите има мали базени. Според свештеникот Добира Јанев во 90 години почнува фрлањето на крстот во реките. Годинава ќе ги нема сцените, какви што  ги имаше низ повеќе населени места низ државата. Во Штип лани двајца од педесетмината скокачи останаа да лежат во реката Брегалница и да се борат за светиот крст.

Митрополитот на Брегалничката епархија, господин Иларион настанот го нарече немил, па одлучи се додека се смират луѓето крстот да остане во црквата, а верниците можеа да му се покланат и да го бакнат во соборниот храм Свети Никола.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе