Вести Македонија Најважни

Имплементација на акцискиот план со Бугарија кој се уште не е усогласен

Официјалниот процес на преговорите со Бугарија заврши, следува имплементација на акцискиот план. Ова денеска го соопшти премиерот Зоран Заев, иако засега нема усогласен заеднички акциски план меѓу Македонија и Бугарија кој би можел да се реализира.

„Процесот на официјални преговори заврши, јас  верувам дека следува процес на реализација на Акцискиот план, а  веднаш по изборите во Бугарија да влеземе во разговорите и преговорите на политички основи, затоа што секогаш пред избори навистина е нерационално и невнимателно да се преговара за политички теми. Но можеме да работиме на Акциониот план, инфрастурктурата, споротот, образованието, информатичкото општество, туризмот и други обрвски, кои се на двете страни со цел да го јакнеме пријателството меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија“, изјави Заев.

Пред само неколку дена Бугарија го достави свој акциски план како одговор на македонскиот за спроведување на Договорот за добрососедство и како што информираат од Владата и од МНР за Телма во моментов нема усогласен акциски план меѓу двете земји.

„Известуваме дека во разговорите со Република Бугарија до овој момент постојат две предлози за Акциски планови, наменети за поефикасна и структурирана имплементација на Договорот за пријателство од 2017 година: еден, како првичен предлог од страна на Република Северна Македонија и вториот, како предлог  од страна на Република Бугарија. Засега сѐ уште не е усогласен единствен Акциски план, а на негово усогласување ќе се работи во претстојниот период“.

Но тоа што нема се уште усогласен акцискиот план пак наведува дека преговорите се уште не се завршени, особено ако се знае дека документот од Бугарија само делумно одговорил на македонските барања од акцискиот план и во кој Софија ги повторила  барањата за македонскиот идентите и јазик, за што информираше пред два дена шефот на државата, Стево Пендаровски.

Докумнетите пак кои си ги разменија двете земји, но и целиот процес на разговори меѓу Македонија и Бугарија, деновиве треба да се најдат и пред пратениците, за што Заев денеска ја расчисти дилемата – дека за тоа ќе биде пред Комисијата за надворшена политика во Собранието.

И додека по неколкумесечно чекање пратениците конечно од прва рака ќе ги добијат информаците за тоа до каде се преговорите со Бугарија, тие денеска не успеаја да обезбеат крорум за старт на пленарната сендица на кој меѓу последните точки на дневен ред. Точка на дневен ред е интерпелацијата на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров на барање на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ова барање на опозицијата го нарече само правење театар.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе