Македонија Најважни

Јанкуловска тврди дека не знаела дека ќе се уништува опремата со која е извршено масовнато прислушување

Поранешната министерка Гордана Јанкуловска тврди дека не знаела дека ќе се уништува опремата со која е извршена масовна злоупотреба со нелегално прислушување иако таа ја потпишала одлуката за формирање на комисија во УБК.

„Дознав кога СЈО го отвори случајот „Тврдина“, а од документацијата која ја потпишав не може да се утврди дека ќе се уништува опремата за следење на комуникации“, рече Јанкуловска која пред судот каде даваше исказ како обвинета.

За време на исказот, поранешната министерка рече дека никој не и посочил дека со барањето за УБК за комисија има проблеми и таа го потпишала.

„Проблемите ги дознав од сведок во иваа судница“, истакна таа и посочи дека УБК била високо самостојна организација во составот на МВР.

Иако и биле доставени документите за уништување Јанкулоска тврди дека не ги видела и анализирала бидејќи тоа се случувало во време на настаните во Диво Насеље и нејзиното разрешување односно дадената оставка по кумановските настани. Искази даваат и други обвинети во случајот тврдина таргет, а исказ треба да даде и Сашо Мијалков, поранешен прв човек на УБК.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Се надеваме дека за краток период ќе се затвори истрагата за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

„Алчноста ни ги уби децата“ – Нов марш за правда за жртвите во пожарот во Кочани. Семејствата незадоволни од истрагата

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе