Македонија Најважни

За два дена 1.400 потписи за нов Закон за попис

До пред неколку часа, илјада 412 лица ја потпишале онлајн петицијата на ВМРО ДПМНЕ. Објавена е пред два дена како барање нов закон за фер и праведен попис. Но, дури и да се соберат 10 илјади потписи, тоа не е доволно, бидејќи формално процедурата треба да се спроведе во подрачните единици на Министерството за правда со евидентирање во избирачките списоци и откако во Собранието ќе биде изгласан законот за попис 2021-ва.

ВМРО ДПМНЕ и натаму повикува законот да се повлече и да се отвори дијалог.

Според СДСМ, непочитувањето на законот и на пописните резултати значи-бојкот, што до сега не е забележано никаде во светот.

Од Заводот за статистика, институцијата што треба да го спроведе пописот, повикуваат на соочување со реалноста и на прифаќање на пописните резултати, без оглед дали ни се допаѓаат или не.

Во Собранието, заврши тридневната расправа за законот. Гласањето се очекува нареднава недела. Веднаш потоа, најдоцна во рок од еден месец, во Службен весник ќе биде објавена и Пописната методологија.

Според тоа, пописот треба да се одржи од 1 до 21 април, по цели 19 години, откако лани беше одложен заради предвремените избори, а пред 10 години, заради политички несогласувања.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе