Ковид19 Топ вести

190 новозаболени од Ковид 19 и 6 починати во последните 24 часа

Во последните 24 часа регистрирани се нови 190 случаи на заболени од Ковид-19 од вкупно 1530 тестирања, говори последната информација од Министерството за здравство. Од нив, најголем број – 71 се од Скопје, 19 од Куманово, 12 од Прилеп, 11 од Струга, по 8 од Кичево, Кавадарци и од Неготино, 7 од Ресен, 6 од Тетово итн.

Во болнички услови, починати се 6 лица: 4 пациенти од Скопје на возраст од 44, 60, 74 и 86 години, еден од Куманово на 72 години и еден пациент од Гостивар на 64 годишна возраст.

Институтот за јавно здравје регистрира 2009 оздравени пациенти. Најмногу се од Скопје – 1356.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе