Останато Спорт

Бањаја на синиот Дукати стигна до трета победа по ред на Муџело

Франческо Бањаја оствари двоен триумф во Муџело во Мото ГП шампионатот. По вчерашната победа на спринтот, денеска беше најдобар и на трката за Големата награда на Италија.

Актуелниот светски шампион на мотоциклот на фабричкиот Дукати, кој денеска беше во сина боја наместо во традиционалната црвена стигна до трета победа по ред на италијанското гран при, а четврта сезонава на седмата трка.

Тимскиот колега на Бањаја, Енеа Бастијанини финишираше на второто место откако во последниот свиок од последниот круг го мина Хорхе Мартин.
Марк Маркез беше четврти, по него следуваше сензационалниот дебитант Педро Акоста, па Франко Морбидели, Фабио ди Џанантонио, а најдобрите десетмина ги комплетираат Маверик Вињалес, Алекс Маркез и Бред Биндер.

Во генералниот поредок Мартин останува лидер со 171 бод, пред Бањаја, кој има 153, а Маркез е трет со 136 бодови.

Следната трка е на 30 јуни на патеката Асен за Големата награда на Холандија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Оклахома израмни против Денвер, Индијана го прегази Кливленд (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Ракометарите во четврток ќе ги дознаат ривалите на Европското првенство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе